Инвестициите во Битола тапкаат во место

Bez autora
Sep 29 2010

Инвестициите во приватниот сектор во Битола со години тапкаат во место. Битолчани не паметат од кога не се отворил некој поголем индустриски капацитет, од кога не зачадил нов фабрички оџак. И по неколку јавни наддавања парцелите во индустриската зона „Жабени“ останаа празни. Освен грчките бизнисмени што пред повеќе години инвестираа во текстилната индустрија, нови инвеститори нема. Домашните бизнисмени, пак, претежно вложуваат во помали бизниси, како што се маркети, магацини, такси-компании и други трговски друштва, за што се потребни помалку пари. Освен економската немоќ да се влезе во поголеми вложувања, кај дел од бизнисмените постои страв да инвестираат поради нискиот економски стандард на граѓаните, ограничениот пазар, давачките и променливите закони. Во Битола развојот на инвестициите е запрен во речиси секое поле. Стандардот е многу низок, вложувате пари, а не знаете дали ќе издржите една или две години. Како мала држава сме затворени во производството, увозот и извозот. Прометот е многу паднат. Надворешни кредити, грантови или не влегоа во државава или многу малку се користат зашто не одговараат на условите на стопанствениците.

Инвестициите во Битола тапкаат во местоИнвестициите во приватниот сектор во Битола со години тапкаат во место.

Битолчани не паметат од кога не се отворил некој поголем индустриски капацитет, од кога не зачадил нов фабрички оџак.

И по неколку јавни наддавања парцелите во индустриската зона „Жабени“ останаа празни. Освен грчките бизнисмени што пред повеќе години инвестираа во текстилната индустрија, нови инвеститори нема. Домашните бизнисмени, пак, претежно вложуваат во помали бизниси, како што се маркети, магацини, такси-компании и други трговски друштва, за што се потребни помалку пари.

Освен економската немоќ да се влезе во поголеми вложувања, кај дел од бизнисмените постои страв да инвестираат поради нискиот економски стандард на граѓаните, ограничениот пазар, давачките и променливите закони.

- Во Битола развојот на инвестициите е запрен во речиси секое поле. Стандардот е многу низок, вложувате пари, а не знаете дали ќе издржите една или две години. Како мала држава сме затворени во производството, увозот и извозот. Прометот е многу паднат. Надворешни кредити, грантови или не влегоа во државава или многу малку се користат зашто не одговараат на условите на стопанствениците. Но најголем е стравот од регулативите, кои постојано се менуваат, не даваат сигурност да се инвестира подолгорочно - критикува Ѓорѓи Кочовски, член на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора.

Други стопанственици, пак, бараат да бидат изедначени со привилегиите што ги имаат странските бизнисмени во државава.

- Во овие 20 години дадени им се многу поголеми поволности на странските инвеститори. Треба и домашните да се ослободат од одредени давачки или да им се помогне во добивањето пософистицирани кредити со помали камати. Инвеститори постојат, но немаат храброст и сила и економски и психички да влезат во поголеми инвестиции - вели Благој Стојчев од Мелничко-пекарската индустрија „Млин Стојчев“ од Битола.

Отсуството на поголеми инвестиции и нови работни места се одразува врз бројот на невработени во градот. Над 17.000 битолчани се без работа, а дури 45 проценти од нив на возраст од 20 до 45 години.

Од битолската општина, надеж за промена на ваквата економска ситуација гледаат во поволноста што ја даде Владата - неизграденото градежно земјиште да се продава по 1 евро за квадратен метар.

Градоначалникот Владимир Талевски на средба ги повика домашните бизнисмени и информира дека по таа почетна цена може да купат парцели и во индустриската зона „Жабени“. Земјиштето таму наскоро ќе биде огласено на продажба.

- Ќе им дадеме големи поволности, пред се', на домашните инвеститори, таму да изградат свои капацитети, со што се надеваме дека ќе се обезбедат услови за вработување и овој горлив проблем ќе биде решен. Се размислува за ослободување од комуналните давачки, но под услови да гарантираат дека во одреден рок не само што ќе го купат земјиштето туку ќе го изградат капацитетот и ќе вработат луѓе - изјави Талевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik